Скопје, 22-ри октомври 2018 г.-Соборен храм Свети Климент Охридски

 

На 22-ри октомври 2017 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,протопрезвитер Горан Стојчевски во сослужение на свештенството на МПЦ-ОА, отслужи  Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

Кондак 1
Избран и прекрасен отче наш Јоаникие, минувајќи го пре
-подобно твојот живот, со постот како нов пустиножител
се  покажа,  а  со  молитвите  како  телесен  ангел  заблеска.  Оста
-вајќи го светот, кон Христа се прилепи и со сострадална љубов
духот го распна. Очистувајќи го срцето, гревот го победи и како
чудотворец се објави, затоа и ние ти повикуваме:
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!
Икос 1
Ангелоподобен  од  мајчина  утроба  се  покажа,  подобен  на  
оној што е најголем помеѓу родените од жена. Јован се на -
рече, и подвигот Претечев на рамо го понесе. Како тивок ветер
од пустината на животот се појави, и спасението на родот наш го
предвести. Повторно од Охрид духовна просвета се роди и ра
-дост небесна се објави. Восхитени од чудесната промисла Божја,
Јоаникие, ти пееме вака:
Радувај се, телесен ангелу!
Радувај се, на Рајот жителу!
Радувај се, на сопственото срце пустиножителу!
Радувај се, на трпението апостолу!
Радувај се, светило што во духовен мрак свети!
Радувај се, ветру што за љубовта во Бога пееш!
Радувај се, духовни нечистотии миеш!
Радувај се, телесни похоти скротуваш!

Радувај се, претечо на духовната обнова!
Радувај се, предвеснику на нашето исцеление!
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 По милоста Божја и со содејство на
Предвечната и Единосуштна Троица,
овој акатист се состави и заврши на 27 јули 2017
во денот на светиот Сампсон Странопримец,
во најсветиот град Охрид.
••

 http://preminportal.com.mk/pdf/Akatist_na_prepodoben_Joanikij_Raotinski.pdf

 

 

 Акатист
на преподобниот отец наш
Јоаникиј Ракотински (.PDF)

Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА

 

Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (22.05.2018) ...

Друго:

Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија

 

 Преминпортал (к.т.)