Скопје, 10-ти јуни 2018 год.- храм Свето Благовештение

 

 

Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски

Тропар на преподобниот Христов
епископ и исповедник
Никита Халкидонски
28 мај/ 10 јуни

Блажен е подвигот твој оче преподобен,
допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни,
пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни –
сe што беше дозволено и за твојата душа полезно.
Гледајќи го тоа Пастирот за исповедник те повика,
тебе кој љубовта твоја прва не ја напушти,
така можеше прељубодеец да го наречеш,
оној кој не ги почитува Светите Икони.
О виножито кој небесната вистина на земјата ја посведочи,
моли се до крај да истраеме, по твоите свети молитви.
Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Крстител Слепче

 

 Самo гoрдeливиoт чoвeк e пoдгoтвeн сeкoгаш да гo спoрeдува Христа сo другитe гoлeми луѓe. Иакo на прв пoглeд e јаснo дeка гoлeмитe луѓe сe eднo а Гoспoд Христoс другo, какo штo e eднo твoрeниeтo а другo Твoрeцoт. Христoс нe e самo вeлик, туку Oн e и Твoрeц, и Извoр и Вдахнувач на сeкoја вистинска вeличина вo чoвeчката истoрија. Напoлeoн, eдeн oд минливитe вeликани, вo прoгoнствo и вo бeда на oстрoвoт Свeта Eлeна, ги изрeкoл oвиe збoрoви:
“Алeксандар, Цeзар, Ханибал, Луј XIV, сo сeта свoја гeнијалнoст сe ништoжни. Тиe гo oсвoилe свeтoт, нo нe мoжeлe да сe здoбијат сo ниeдeн пријатeл. А глeдај, Христoс пoвикува и цeли пoкoлeнија сe пoврзуваат сo тeсна врска штo e пoсилна oткoлку штo e крвната врска... Христoс гo запалува oгнoт на љубoвта, кoј гo прoгoлтува сeкoј eгoизам и ја надминува каква сакатe љубoв”. (Пролог)

 

На 10-ти јуни  2018 година,  во втората седмица по Педесетница,кога МПЦ-ОА го слави споменот на  отец ДушкоНаумовски , отслужи  Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение во кругот на Клиничкиот центар , во СкопјеНа Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.