2DENVELIGDEN2018 1

„Радувајте се, луѓе, и веселете се! Ангелот што седеше на гробниот камен, тој ни благовести, велејќи: Христос - Спасителот на светот - воскресна од мртвите, и со благопријатна миризба ја исполни вселената. Радувајте се, луѓе, и веселете се!“ (Хвалитна воскресна стихира на Утрена на Втор ден Велигден).

 2DENVELIGDEN2018 2

На 09.04.2018 година, во Понеделникот од Светлата седмица - Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот македонски народ во пригодно слово, во кое ја сподели радоста за воскреснатиот Христос, и им посака на верните чеда Воскреснатиот Христос да воскресне и во нивните души и срца и секогаш да ги упатува кон вршење добри дела, да им даде сила и меѓусебна љубов во разбрануваното море на животот, и да биде со нив и да ги укрепува во храбрите и доблесни дела за афирмација на нашата света Македонска православна црква и на маекдонскиот народ во далечната Австралија.

2DENVELIGDEN2018 3

2DENVELIGDEN2018 4

 2DENVELIGDEN2018 5

2DENVELIGDEN2018 6

2DENVELIGDEN2018 7

2DENVELIGDEN2018 11

Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/3073-2018-04-10-17-42-22