Скопје, 21.11. 2017 год. - храм на св.вмч Димитриј

 

Тропар,глас 4.

Архистратизи на небесните воинства, ние недостојните постојано ве молиме: секогаш, со вашите молитви заштитете не под кровот на крилјата на вашата  слава невештествена, пазејќи не нас кои прилежно пред вас се поклонуваме, и кои викаме:
Од неволи избавете не, како началници на вишните  сили!

 Денес, 21.11.2017 година,  кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, во храмот на св.вмч.Димитриј, во Скопје, свештеникот Жарко Ѓоргиевски во солужение на ѓаконот  Димитар Белчовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Отецот во текот на Литургијата произнесе празнична беседа и упати порака да внимаваме на нашиот христијански живот и постојано да бидеме будни над нашето битие и да не заборавиме дека со секој грев што го правиме го ожалостуваме Бога, го ожалостуваме нашиот ангел чувар кој постојано се наоѓа до нас, и во добро и во зло, и е наш постојан молитвеник пред престолот Божји.

Преминпортал (к.т.)

Ноември 2017 лето Господово