Скопје- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

На 29.10. 20017 година ( десета година по ред), во 12часот, во  храмот  Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ќе се организира  групно  венчавање.

Сите православни  верници кои од разни причини не се венчани во црква, а се во граѓански брак, во храмот  на Пресвета Богородица - Скопје ќе се организира групно венчавање.
По тој повод се повикуваат сите верници кои имаат желба, а досега немале можност, да се венчаат во црква да се пријават лично во самиот храм кај парохиските свештеници  или на бројот 02 3227-165. Сите брачни двојки ќе добијат по една осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар ќе има посебен подарок.

 

svadba.Bogorodica.jpg

Од светенството при храмот Рождество на Пресвета Богородица