Скопје, лето Господово 2017

 

АПЕЛ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МЕДИУМСКИ ДЕН НА МИРОТ ВО НАШИТЕ СРЦА

Драги пријатели на духовните и хумани вредности,

Една слика-милион зборови! Но, и милион емоции! Не случајно се вели дека медиумите се седмата сила во светот! Медиумите се најмоќното оружје на денешнината и токму затоа од овој фестивал, кој има за цел да ја поттикнува моќта на Доброто кај луѓето, го упатуваме Апелот за прогласување на меѓународен и нацинални денови, по избор на секоја држава, на МЕДИУМСКИ ДЕН НА МИРОТ - во срцата на луѓето! Со надеж дека тој медиумски ден, еден ден ќе прерасне во викенд на медиумски мир, во недела на медиумски мир, во живот во мир!

Секојдневно сме сведоци на терористички напади во секоја држава, на секое место, па дури и во училиштата каде се најневините – децата...Кој го напаѓа светот и луѓето? Злото! Злото можеме да го победиме само ако се избавиме од сликата на злото во умот и во душата! Злото е илузија и оттаму, од умот се шири во целиот свет! Преку филмовите, телевизиските слики, на Интернет, во весниците, преку сите медиуми! На тој начин илузијата на злото ни се враќа како бумеранг во нашите животи! Да се воздигнеме на ниво на искрени пријатели со Доброто, значи да бидеме со Доброто во нашиот ум, во нашето срце, во нашата душа! Како ќе речете?

Едноставно! Во медиумскиот ден мирот, а во чест на животот, не пуштајте програма, ниту филмови со било какво насилие во неа! Значи, нема ножеви, пиштоли, тепачки, блуд, нема ни трага од се она што претставува грев и гревовно во нашите животи! Од таму се почнува! Да си речеме на себе си “Нема да гледам, нема да слушам, нема да мислам, нема да учествувам со ниту едно мое сетило во илузијата на злото, во било која форма! Нема тој ден да ги забавувам гледачите со непристојни емисии, со говори на омраза, со зборови кои не му доликуваат на миротворец на срцето што го градам на чесен и возљубен човек!” За таа возвишена цел, овој фестивал ќе се потруди да обезбеди и филмови за МЕДИУМСКОТ ДЕН НА МИРОТ кои ќе бидат бесплатно дистрибиурани до сите заинтересирани ТВ куќи кои имаат желба да ја поддржат оваа иницијатива.

Затоа што, за да го сопреме злото значи, да не го мулитплицираме во слики кои од илузија стануваат стварност, туку да го анулираме со бришење од нашата свест! Така му ја одземаме неговата моќ да владее со нас! Зошто Животот сам по себе е Мир, Љубов, Радост, Добрина, Хуманост, се она што секој Божиќ или Рамазан си го посакуваме еден на друг! Ако злото го сопреме во нашите срца, тогаш е дефинитивно јасно дека сме ја добиле битката против светскиот тероризам и генерално против секое насилие! Овој медиумски ден, кога му го свртуваме грбот на злото во животот, е ден над деновите, затоа што победaта над злото можеме да ја извојуваме само доколку прво го имаме мирот во нашето срце, да сме мирни и спокојни со самите себе си, а тоа е услов, да е мирен секој со секого, а тое е услов да е мирен секој во светот, да се љубовта и мирот крајната цел на нашето постоење!

Со почит,

Зорица Костовска – дипл.теолог

основач и директор на фестивалот

тв и филмски продуцент

 

Скопје,12.10.2017 год.