Скопје, 6-ти мај 2017 год.-храм на Рождество на Пресвета Богородица


Тропар, глас 4.

Со добар подвиг и со вера се подвизуваше, Христов страдалецу, и нечестивоста на мачителот ја изобличи и, како жртва благопријатна, Му се принесе на Бога. Затоа прими венец на победа, и со твоите молитви, светителу, на сите им даваш прошка на гревовите.

 

 

 

 

 На 06.05.2017 година, кога Светата  Црквата молитвено го прославува споменот на Светиот великомаченик Георгиј , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Игор Димитриевски во сослужение на  протоереј Драги Јанковски и ѓаконот Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија. Бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)