На ден 22-07-2007 година кога Светата Божја Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Панкратиј, екипата на Преминпортал присуствуваше на Божествената Литургија во храмот посветен на светите бесребреници Кузман и Дамјан. Божествената Литургија ја отслужи парохискиот свештеник Атанас Казанџиски кој служи редовно во оваа Црква секоја недела и на поголеми празници.    Верниот народ собран околу Путирот со внимание и голема духовна сила, активно учествуваше во Литургијата преку одговарање на ектениите, преку пеење на литургиските песни, и на крајот се причести со светите  Христови Тајни.          Црковниот живот во селото Пештани е на високо литургиско ниво. Се поголем број на верници водат активен литургиски живот со редовно присуство на службите, редовно постат, се исповедаат и се причестуваат со Светите Христови Тајни.         Господ нека ја умножи нивната љубов и ревност!





БЕСЕДА:


 Недела осма по педесетница
За духовната храна
 Мт.14: 14 - 22
Во името на Отецот, Синот И Св. Дух!
Благочестиви христијани!
Владите во сите држави денес најмногу се загрижени како да ја осигураат прехраната и како најдобро да ги задоволат своите гласачи. Во многу држави, како и кај нас, се воведени даноци, од чии приходи се хранат оние кои имаат најмногу  потреба. Во Русија пак, биле направени коренити промени за да можат еднакво да се задоволат сите жители. Но гледаме дека, сепак, има незадоволни, има повеќе гладни. Од друга страна, сите луѓе посебно  за своја прва грижа си поставиле да ги задоволат  своите телесни потреби да соберат храна за своите семејства. Многумина  цел живот се трудат за тоа и пак умираат, како што се вели:,, со отворенио очи,, зашто не можеле да најдат и да соберат доволно богатство за себе си и за своите домови. Во тој постојан стремеж во борбите што  се разгоруваат во врска со него сигурно треба да има некаква основна грешка. Сите знаеме и можеме лесно да пресметаме дека на земјата има и место и природни богатства за многу повеќе луѓе отколку што живеат денас низ целиот свет. Незадоволството на луѓето не произлегува од тоа дека не можат да го најдат тоа што го бараат туку оттаму што не го бараат она што им е најпотребно и што може да им ја задоволи нивната душа.
Благочестиви христијани!
За да го разбереме подобро тоа, треба да проникнеме во содржината на денешното евангелие. Исус Христос се оддалечил насамо со своите ученици во пусто место за да се моли и да ги почува апостолите. Но, каде и да одел, народот го следел затоа што бил гладен за духовна храна. Многу брзо околу Него се собрало многу илјадна толпа народ. Иако бил изморен Христос се смилувал над нив затоа што биле ,,овци без пастир,,. Он ги излекувал болните кои биле донесени при Него. Потоа почнал да ги лекува нивните души што боледувале од гревови и од духовно незнаење. Народот, занесен, го слушал цел ден И бил готов да ги слуша Неговите поуки и преку ноќта.
Пред да падне мракот учениците Му се приближиле и Му рекле: Овде местото е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна. Спасителот намерно чекал да види што ше направар Неговите ученици. Тие веќе биле Негови вистински следбеници затоа што се сложиле за народот кој заборавил на храната и на пиењето  за да Го слуша божествениот Учител. Но, за д аим покаже дека без Него ништо не можат да извршат, Он им рекол: Нема потреба да одат ; дајте им вие да јадат! Дури да  носеле цел караван со намирници за себе  тие не би можеле да нахранат толкаво мноштво благочестиви христијани, бидејќи само мажи биле повеќе од пет илјади освен жените и децата. Но тие немале доволно храна ни за себеси. Нашле само пет леба и две риби. Христос наредил да Му ги донесат. Погледнал кон небото, ги благословил и им ги дал на учениците да ги разнесат по народот. Сите јаделе и се настиле. По тоа чудно нагостување собрале двнаесет кошеви полни со останати  парчиња.

Во денешното прочитано евангелие прво остава печаток ревноста и потребата на народот за духовна храна. Илјадници народ, и тоа од селата и малите градчиња од околината со своите жени и деца си ја оставале работата, ги заборавиле секојдневните грижи и тргнале да го следат Христа по пустите места каде што се повлекол  Он. Можеби, некој ќе каже дека, ако денес дојде Христос меѓу нас и ние ќе оставиме се и ќе појдеме кај  Него. Но тоа не е вистина. Денес многубројни толпи се собираат на натпревари, на борби и на други гледалишта или одат масовно да ги слушаат они што ветуваат земни богатства и земна среќа. Христос не е далеку од нас. Неговото слово и денес се проповеда. Ако не можеме да најдеме доволно време редовно да ги посетуваме богослуженијата во храмот, за тоа самите сме виновни.Секој може да го распредели своето време и да најде доволно време за духовна храна. Ако не можеме да одделиме толку веме за својот дух, колку за телото, би можеле барем  да одделиме еден ден во седмицата за да го нахраниме духот со Божјото слово. Но ни за него не се интересираме.
Ако ги прашате некој од тие кои не сакаат да читаат и да слушаат Божјо слово -, Зошто не читате свето евангелие?, тие ќе ви речат: ,,Немаме време да се занимаваме со тие прашања; ние сме зафатени луќе со многу важни лични и општествени работи; времето исклуиво ни е исполнето со тоа како да го нахраниме своето семејство. Библијата нека ја читаат они кои живеат по манастирите и пустините, но не и ние кои сме занаетчии и сме претрупани со толку многу грижи и немири. Тоа не е за нас...
 
- Но, што зборуваш ти, човеку? - ќе речеме со зборовите на Св. Јован Златоуст. Како тоа да не е твоја работа да се занимаваш со читање на словото Божјо заради тоа што си претрупан  со многу светски грижи? Напротив, само заради таа прчина ти треба најмногу да го читаш словото Божјо, а не монасите и пустиножителите. Зарем монасите имаат поголеме потреба од Божја помош отколку ние, кои што сме изложени толку многу на соблазни, искушенија и прегрешенија ? Монасите се наоѓаат далеку од животните борби и соблазни и затоа тие добиваат и помалку рани, а ти си во постојана бораба и постојано добиваш рани на својата душа; според тоа, ти имаш поголема потреба од лекови. Тебе те раздразнува жената, те натажува синот, те предизвикува слугата да се гневиш, непријателот ти кове стрели,пријателот ти завидува, ближниот ти прави штета, колегата те мами, сиромашниот те измачува, среќата те прави горд, неуспехот те поразува и очајува. Па како при толку рани што ги добиваш во секоја минута и во секој час можеш да живееш без лек, без помош од Бога, без лековитата моќ на Божјото слово? 

Второ благочестиви христијани, уште поважно во денешното евангелие еоколноста дека Спасителот не ги оставил гладни оние кои се решиле да Го следат и да си го нахранат духот со Неговото слово. Он на чудесен начин ги наситил. и на многу други места во Евангелието не уверува дека, ако прво го следиме царството на Бога и Неговата правда, се друго ќе ни се даде (мт. 6: 33). Благочестиви христијани, ние прво сакаме да ги следиме земните богатства и задоволства, и дури на крајот, ако ни остане време, попатно  да помислиме и за Божјото царство. Некои, пак, низ целиот живот не помислуваат на Бога и за Неговото царство и повеќе сакаат да живеат само за овој свет како животните.

Браќа и сестри, Христос и денес го проповеда бесмртното слово на вечниот живот. Он и денес дели изобилна храна и пиење за сите кои имаат потреба од Него. Ако појдеме како оние пет илјади души да го слушаме Неговото слово и ако го исполнуваме, Он нема да ги остави неисполнитеи  нашите телесни потреби. Нашиот небесен Отец подобро знае од нас какви ни се поптребите и болките. Он е многумилостив, макер што сме грешни, Он секогаш е готов да ни дојде на помош, само да се обратиме кон Него. Затоа почесто да Го следиме, да го слушаме и да го читаме Неговото слово и Он ќе ни даде во изобилие храна и за телото и за душата.
А М И Н !

Свештеник Атанас Казанџиски