с. Матка, 4-ти март 2017 год.- храм Успение на Пресвета Богородица

На 4-ти март 2017 година, во Недела сиропусна, кога Македонската православна црква- Охридска аргиепископија молитвено го слави споменот на Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија , во женскиот манастир во Матка, посветен на Нејзиното Успение, се  отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Со време, страстите стивнуваат, помислите се повлекуваат, а срцето станува мирно.-старец Ефрем Филотејски

 

 

  По Литургијата

 

Во спокојот на денешниов ден, вистинско откритие беше средба со група на млади ентузијасти. Во друга прилика повеќе за тоа.

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: