(Обновено)

Sample Image

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати ново четврто по ред реиздание на Псалтирот.
Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
Во прилог можете да го прочитате и воведот за оваа книга.

Вовед

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.


Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.

Сто и шеснаесет псалми содржат пред–текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои: 

 

1. Химни, или славопои кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102–104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144–149.

2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95–98.

3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.

4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.

5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.

6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136.

7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5–7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40–42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139–142

.8. Благодарствени псалми: 9–10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.

 

Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава.

 

Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: ¹. Пс. 1–39, 2. Пс. 40–70, 3. Пс. 71–87, 4. Пс. 88–104 и 5. Пс. 105–151.

 

Извор: Повардарска епархија

(24.02.2017)
Е-пошта:     Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;   
Телефон:     043 221 231
Факс:     043 221 231