Скопје, 27-ти јануари  2017 год.- храм на св. пророк Илија

 

 

 
 

Света Нина, просветителка на Грузија

Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.

 

Во триесет и третата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на Света Нина, просветителка на Грузија, Свети Сава, архиепископ Српски, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски  отслужи  Божествена Литургија, во која   вениот  народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)