Скопје, 9- ти јануари 2017год.- храм на  свети Стефан (населба Аеродром)

„Tвоето каменување за тебе стана како скалила од скала за искачување на небесата; качувајќи се по неа, си Го видел Господа како седи оддесно на Отецот, и со својата живоносна десница ти го дава венецот, сообразен на твоето име. Како добропобедник и првомаченик сега стоиш близу до Него. Славен Стефане, небесножителу, блажен Христов угоднику, помоли се за душите наши“.

 Во Неделата на светите Отци, кога Македонската православна црква, молитвено го прославува споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот кој го носи неговото име( во скопската населба Аеродром), презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ во сослужение на јеромонахот Атанасиј Арсоски и ѓаконот  Александар, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата, по читањето на Евангелието на денот, јеромонахот Атанасиј  го протолкува значењето на денешниот пазник.На Литургијата бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

Преминпортал (к.т.)

Друго: