Скопје,  02.01.2016- во населбата Припор

Семејството Христови живеат во трошна куќа  во  населбата Припор и се во незавидна финансиска ситуација. Таткото Владимир има 39 години, и откако падна од камион и ја повреди кичмата, и е со намалени работни способности, а  во моментов не прима никаква социјална помош.Тој и неговите две деца живеат од пензијата на мајка му.

Пред 3 години и децата на Владимир остануваат без мајка, девојчето само што тргнало на училиште, а машкото имало 3 години... сега Марија има 9, а Огнен 6 години. Бабата Горица (мајката на Владимир) има 70 години, таа им е и баба и "мајка" на дечињата, сите се собрани во една соба. Дечињата се како ангелчиња, воспитани, тивки и со насмевка која освојува. Фамилијата на Владимир малку имаат, а  како да имаат се.... детските очи зрачат топлина поголема од онаа што можат да ја дадат сировите дрва во шпоретот. Мудроста на Горица и питомоста и топлината на таткото се разлеваат во овој дом, тоа е чувство кое  спонтано ни се наметнува.

Посебно не освои животната приказна на бабата Горица. Пред многу години, кога Владимир бил малечок, таа требала да се оперира од повреди на куковите. Плашејќи се дека можеби нема да ја преживее оперцијата, а да не и остане детето сираче по домовите, ја одбила операцијата, иако тоа значело за неа траен инвалидитет. Пожртвуваноста  на мајката  во вистинска смисла на зборот.

Собата во која сега  сите живеат е закрпена, од надвор во одредени делови на собата продира светлина,и повеќе личи на засолниште, во невреме да спасиш глава. На посилен пороен дожд, се се слева во собата, но ним  таа им е  живеалиште...

 


Им треба помош, им треба попристојно место за живеење и не е убаво да се во таа соба ни дечињата, ни возрасните... ќе треба што поскоро да се најде решение за ова семејство. Гостоприемчиви се и не го кријат она што го имаат, какво е - такво е. Бабата, самохрана мајка уште од млади години (таткото починал кога Владимир имал 2 години), направила куќарката  за да имаат кров над глава, со години ја  крпеле од  дожд и студ, крпениците се видливи, сунѓери по ѕидовите, картони на подот таму каде што даските пропаднале но, во домот е топло... светлината и топлината најмногу доаѓа од детските очиња.

Пред извесно време направена им е доградба која е во состојба на карабина и со многу видливи отвори по зидовите.

Да им помогнеме, со заеднички сили, кој колку може, детските очиња да не го изгубат својот сјај.

 
Со Владимир,  можете да искомуницирате на овој телефонски број: 078 330 741
Ви благодариме

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=998elJy_V4c[/youtube]


Од Редакцијата на Преминпортал

р.ј./к.т.

 Лето Господово 2017