На 2. 10. 2016 година, во Лешочкиот манастир “Свети Атанасиј” на посета беа Епископот Егорјевски Тихон Шевкунов - викар е на Патријархот Московски и на цела Русија, г.Кирил и Амбасадорот на Руската федерација во РМ, г-дин Олег Шчербак. Епископот Тихон, покрај посетата на храмот и манастирскиот комплекс, се поклони и на крстот кој неодамна беше поставен од стана на Руската амбасада во дворот на манастирот,  во чест на руските валамскии монаси кои живееле и се упокоиле во Лешочкиот манастир. Ценетите гости ги пречека игуменот на манастирот г. Теодосиј и секретарот на ТГЕ отец Маријанцо Мадевски.

 

 

 

 

 

 

Извор: Тетовско- гостиварска епархија

 

Друго:

Осветување на крст во манастирот Св. Атанасиј во с. Лешок, Тетовско (27.05.2016)

SPE_0485