01.jpg

Спомен на рамноапостолниот татко на словенското монаштво

20 јуни/3 јули 2016 лето Господово


02.jpg


А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон (Гал. 5,22-23).

03.jpg

Малкумина се оние што од опит ги разбрале овие Божествени зборови, и навистина ретки се оние што во полнота ги доживеале. Еден од овие ретки тајници на Божјата благодат е и преподобниот Наум, Чудотворецот од Охрид, кроткиот и тивок проповедник на Евангелието Христово, татко на словенското општежитие, образ на монасите, утеха на тажните, мудрост на неразумните, закрилник за родот наш словенски.

Овој кроток монах, кој смирено и тивко на земјата поживеал, голема скапоценост во наследство ни оставил... Верата христијанска, светлината на Духот Божествен...

И нема благодарност што достојно би можела да му заблагодари на овој рамноапостолен татко наш, освен смирено и во молитва да ги отвориме срцата свои пред него, молејќи го за поткрепа, застапништво и милост кон чедата од неговото духовно наследство.

Затоа, Бигорската Света Обител, не заборавајќи го бесмртниот подвиг на сопричесникот на благодатта на Светата Троица, со благодарност и молитва, во љубов и смирение, неговиот подвиг секоја година торжествено го прославува.

А, ти, преподобен и рамноапостолен, отче наш Науме, не престанувај да го молиш Христа Бога за благоуспевање на народот наш во верата и добродетелите христијански, и за спасение на многугрешните деца твои. Амин!

 04.jpg

 06.jpg

07.jpg

 08.jpg

 10.jpg

 11.jpg

12.jpg

13.jpg

14.jpg

15.jpg

 16.jpg

17.jpg

Извор: Бигорски манастир