Скопје, 27 април (МИА) - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски по утринската Велигденска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ им го честита на сите граѓани на државата најголемиот христијански празник Велигден.

- Нека овој голем ден на христовото воскресение донесе мир, радост, среќа, спокојство во сите семејства, кај целиот наш народ и држава, порача Црвенковски.

Шефот на државата Бранко Црвенковски по Велигденската литургија се сретна со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.  цр/аб/11:17