Sample Image

Ве известуваме дека во рамките на четвртото учество на Македонската православна црква на годинешниот 28-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој се одржува од 12. 04. 2016 година до 18. 04. 2016 година на Скопскиот саем, Повардарската епархија  ги претставува сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“.

Сите изложени изданија на саемот се со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија изложени се  изложени и беспалтни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“, а со секое купено издание на нашата издавачка дејност бесплатно ќе добиете и примерок од нашето најново издание „Како да се подготвиме за исповед“. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

Извор: Повардарска епархија