127180

Од денес, 12. април, до понеделник, 18. април, во Скопскиот саем („Метрополис арена“) ќе се одржи 28-от Саем на книгата. На него заеднички ќе учествуваат поголем број од епархиите на Македонската Православна Црква, кои ќе изложат мноштво на наслови од богатата духовна ризница на Православието. Притоа, специјално за Саемот, книгите ќе бидат со намалени цени.

Ги повикуваме сите љубители на книгата да го посетат нашиот штанд и да се запознаат со секогаш живото Предание  кое, и во облик на пишан збор, ни е пренесено од отците и учителите на Црквата.