Скопје, март/април 2016 год. 

 

храм Свето Благовештение- 27.03.2016 год.

(протопрезвитер Душко Наумовски)

Литургија на Претходноосветени дарови

На 27-ми март 2016 година,  на празникот на св.Бенедикт, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајн

Blagovestenie4.jpg

 Свети Силуан Атонски

Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет. Велиш дека тој е злосторник и дека треба да гори во адскиот пламен. Но те прашувам јас тебе: ако Бог тебе ти даде добро место во рајот, а ти го гледаш во огнот оној кому си му пожелал да гори во маките, зарем тогаш не ќе ти биде жал за него, кој и да е тој, макар и да е непријател на Црквата?

 

 

HRISTOS.SPASITEL1.jpg

Свети Алексиј човек Божји

 

 храм на св.пророк Илија-  30.03.2016 год.

(свештеник Диме Малински, ѓакон Гоце Постолски)

Литургија на Претходноосветени дарови

  

На 30-ти март 2016 година, во неделата на св.Григориј Палама, кога МПЦ-ОА го прославувашеспоменот на  Свети Алексиј човек Божји, во храмот на св.пророк Илија, свештеник Диме Малински во сослужение на ѓакон Гоце Постолски, отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. Верниот народ се приќести со Светите Христови Тајни.

 

Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив

храм на  св. Јован Крстител- 01.04.2016 год

(свештеник Жарко Пејковски, ѓакон Слободан Сарделиќ)

 

Литургија на Претходноосветени дарови

 

 Во храмот на св. Јован Крстител, старешината на храмот, отец Жарко  Пејковски во сослужение на ѓаконот Слободан  Сарделиќ , отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)