Скопје,22-ри март 2016 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски

На 22.03.2016 година, во втората недела  од Великиот пост, на празникот на Светите четириесет маченици во Севастија, во Соборниот храм на св.Климент Охридски  во Скопје,презвитер Горан Стојчевски   отслужи  Литургија на претходноосветени дарови. Бројниот  верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Старец Ефрем Филотејски

Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени, зашто претходно било преобразено од благодатта, така што злото напредува полека и со тешкотии.

 

 Преминпортал (к.т.)