Скопје, 8-ми март 2016 год.- храм на св. пророк Илија

 На 8-ми март 2016 година, во Недела месопусна, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува  споменот на Наoѓањe главата на св. Јoван Крститeл и прeп. Eразмo,  протоереј Зоран Стаменковиќ отслужи Божествена  Литургија во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

Старец Ефрем Филотејски

Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.

 

  Преминпортал (к.т.)