image

На 21. 02. 2016 година, Недела на митарот и фарисејот, Св. пр. Захариј, св. вмч. Теодор Стратилат, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во храмот „Св. пр. Илија“ во с. Блатец - виничко, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, одража содражајна беседа и
на парохискиот свештеник, црковното настојателство при истиот храм и г. Миле Марков од с. Блатец им додели Пофалници за целокупниот допринос во реновирањето и грижата за храмот „Св. пр. Илија“ во с. Блатец.

Извор. Брегалничка епархија