Тетово, 12-ти февруари 2016 год.

На 12.02.2016 година, на празникот Свети Три Ерарси, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, се богослужеше Света Златоустова Литургија На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата сослужуваа и игуменот Гаврил, игуменот на Лешочкиот манастир - Теодосиј, игуменот на Беровскиот манастир „Богородица“ - Фотиј, игуменот на Осоговскиот манастир - Григориј, Јеромонахот на Бигорскиот манастир о. Ефросиниј,  свештеници и ѓакони на повеќе епархии од МПЦ-ОА. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На светата Литургија активно учество зедоа и женскиот младински хор Менада под диригенство на маестро Ивица Зорич.

 

 

 

За Преминпортал:

Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија