•  На 8-ми јануари 2016 година, по повод Божикните празници Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на архиереите на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Кумановско- осоговски г. Јосиф, Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф, во салата при Архиепископскиот соборен храм Свети Климент Охридски во Скопје, приреди традиционален празничен прием за претставниците на општествено-политичкиот живот. На приемот присуствуваа претседателот на Владата Република Македонија г-дин Никола Груевски со сопругата, Министерот за одбрана г. Зоран Јолевски и Министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, лидерот на СДСМ, г. Зоран Заев, претставници на дипломатскиот кор, како и голем број на значајни јавни личности од културата и бизнис елитата.

 

 

 

 

.

 

 Преминпортал (к.т.)