Скопје, 9- јануари 2016 год.- храм на св.вмч. Георгиј, н. Кисела Вода

На  празникот на :

Stefan.Petkovden.jpg

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Во триесет и првата   недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот на св. вмч. Георгиј, во скопската  населбата Кисела Вода, протопрезвитер Зоран Грозданов  во сослужение на ѓаконот Игор Настески отслужи Божествена Литургија. На Литургијата  верениот  народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницата молитви кон Бог упатуваше Пепи Симоноски.

Старец Ефрем Филотејски

Колку повеќе Исусовата молитва нè соединува со Христа толку повеќе нè одвојува од ѓаволот. И не само од ѓаволот туку и од духот на овој свет, кој ги причинува и поддржува страстите.

 

 

  Преминпортал (к.т.)