На 05.01.2016 година, кога Православната црква си спомнува за „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештеници од Тетовско-гостиварската и Скопската епархија, архиерејскиот намесник од Тетово протоереј Дарко Наумовски, протоереј Жарко Мицковски, ереј Трпе Богојески и ереј Бобан Митевски. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Светата литургија Митрополитот ги благослови кумските лебови.


 

 

 За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија