8157_452029681657770_8916091313995450519_n

8157_452029681657770_8916091313995450519_n

 04/01/2016   Настани

И овој Божик, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, господин Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства низ градот Прилеп. Доделени се точно 72 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители.

Вкупната сума која беше доделена овој Божик изнесува околу (во пакети и пари) 150.000 денари. Воедно, им благодариме на сите хумани луѓе, кои дадоа свој скромен прилог во кутиите за донации за сиромашните семејства, кои беа поставени низ прилепските цркви, како и до сите фирми и стопанственици, кои ја потпомогнаа оваа Божикна хуманитарна акција.

535256_452029601657778_5957538013203217361_n

10414561_452029808324424_8325403173739315694_n

12360423_452029684991103_1228276001407967861_n

6436_452029591657779_5338636112886046642_n

Извор: Преспанско- пелагониска епархија