„Ја подарив мојата омилена книга во спомен на татко ми.. бидејќи поради неа повторно се роди..за вечност...“

 


Овој настан е голема радост  за нас, а веруваме дека е и за сите кои денес  ги сретнавме, најмногу заради сјајот во нивните очи.

На читателите кои ќе се сретнат со срцата на дарителите преку нивните дарови , веруваме ...знаеме дека тоа  живот ќе значи. Го поддржуваме срдечно настанот, и се надеваме дека Тихомир и останатите што учествуваа во организацијата ќе не повикаат на повторна средба од ваков тип.. која средба ќе трае..зашто ваквите средби, каде што се учиме да даваме, и за нас се исцелување ...

 Бранка, Сузана, Калина,...


"...Откријте ја убавината на животот (духовен- оти нема друг) и одбивајте да бидете робови на своите барања,
а станете слободни деца Божји на ДАВАЊЕТО.
Меѓу другото, спомнете ги посебно во своите молитви, оние кои што во овие претпразнични и празнични денови се болни,
оние што се во затворите, оние што се сиромашни и оние што се странци.
Кога ќе можете, помогнете им и конкретно..."
Митрополит Струмички Наум

 

 

Тихомир Јанчовски:

„...Ете, токму ваквите моменти од личното искуство ме мотивираа да се зафатам со акцијава со сета сила, и верувам дека ПОДАРИ КНИГА ќе биде многу успешна приказна. Не сме врзани со министерството, ни со власта ни со опозицијата, немаме никаков фонд, само добра волја. И многу луѓе ни се приклучија за кратко време. Ова е чисто граѓанска иницијатива... а и граѓанска должност. Акција за оформување болнички библиотеки. Има и такво нешто. Во ова чудно време кога книгите се' помалку се читаат, сепак се потребни некому. Сигурен сум дека секој од нас по дома има некоја вредна и убава книга што му значела кога бил болен. Нека ја подари токму неа, или некоја таква, не која било.

Инаку, вчера прочитав дека читањето книги за време на болест било и стручно проучено и препорачано, се викало „библиотерапија“. Многу отмено звучи.“

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)