с. Љубанци, 19-ти декември 2015 год.- манастир на св. Никола

Глас четврти:

Вистината на се како правило на верата, образец на кротоста и учител на воздржливоста Те покажа на стадото Твое; заради тоа ти си го придобил со смирението- возвишеното, а со сиромаштвото- богатството; оче свјаштеноначалниче Никола, моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.

На 19- ти декември 2015 година, во дваесети осмата  недела по Педесетница,  кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува празникот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, во женскиот манастир  посветен на св.Николај, во с.Љубанци, јеромонахот Атанасиј Арсоски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Старец Софрониј

Само ослободени од своите помисли, идеи и желби, ќе можеме да живееме исчистени, во присуство Божјо! Послушание, значи да ја скротиме нашата сопствена, индивидуална волја. Во секојдневниот живот, тоа значи, да бидеме подготвени да се одречеме од нашите идеи, за да се ослободиме од мрачната и мизерна борба што ја водиме против страстите. Штом ќе заврши оваа војна, веќе сме до прагот на вечноста. Ако се откажете од вашата лична волја, барајќи ја волјата Божја, Бог ќе биде со вас! Ако настојувате да ја следите вашата помисла, Бог ќе ве напушта.

 

 

 

Preminportal (k.t.)