Уште необјавено

 prepnektar2015 1

18 Декември 2015

„Нектару на боготворни доблести, себлажени, на атонските отци си им станал жив извор на благодат, точејќи им од него Христови небесни духовни потоци на оние што вистински те возљубиле и кои верно ја чуваат светлината на твоето животворно кандило, како што ти ја чуваше незалезната светлина. Си се покажал како Христов нектар, Нектарие, затоа измоли Го и нас да не удостои со Неговиот божествен нектар“ (Стиховна стихира на Велерна на преп. Нектариј Битолски).

 prepnektar2015 2

На 18.12.2015 година го прославивме свештениот спомен на преподобниот Нектариј Битолски и на светиот Сава Осветен. Прославата на овие двајца големи светители започна ден порано, со свечена Вечерна богослужба во капелата „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески и Владо Недески и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната, беше прекршен празничниот колач, а по повод именденот на игуменот на манастирот, архимандритот Нектариј.

Празнувањето продолжи утредента, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое се осврна на подвигот на двајцата големи светители, со порака и до сите нас дека подвигот не треба да е туѓ на ниту еден христијанин, без разлика на неговата определба, односно без разлика дали е монах или лаик. На крајот, Митрополитот Тимотеј му го честита именденот на игуменот, како и на сите кои го носат името на овие двајца рајски великани.

prepnektar2015 3

prepnektar2015 4

prepnektar2015 5

prepnektar2015 6

prepnektar2015 7

prepnektar2015 8

prepnektar2015 9

prepnektar2015 10

prepnektar2015 11

Извор: Дебарско- кичевска епархија