Скопје, 17- декември 2015 год.- храм на св. Стефан. н. Аеродром

 

Свештенослужител: презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ

 

 

 

Во дваесет и осмата  недела по Педесерница, кога Светата Црква, молитвено го прославува споменот на Свети Јован Дамаскин и  Светата великомаченичка Варвара, во храмот на свети Стефан во скопската населба Аеродром, презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, по читањето на Евангелието на денот, отецот произнесе прекрасно толкување на денешното Евангелие, како и житието на св. Јован Дамаскин, потсетувајќи не на него како еден од четирите стопба на православната вера (св. Максим Исповедник, св. Јован Дамаснин, св. Фотиј Цариградски и св. Григориј Палама).

 

 

 

 

Старец Софрониј

Со послушание, нашето срце и нашиот дух ќе се прошират бескрајно. Со послушание, нашиот живот станува особено осветен, дури и во најдлабокиот сон! Со послушание се бориме против страстите, така што ниедна страсна помисла да не може да нè зароби! Послушанието е совршено ослободување од сопствената волја! Тоа е патот што треба да го следиме за да бидеме слободни, за да го слушаме во нашето срце гласот на Светиот Дух. Онолку колку што во нас ќе опстојува некоја страст, нашиот живот ќе биде трагичен, безизлезен. Не можеме да најдеме мир, без целосно ослободување од нашата волја!

 

 

 

 

Друго:

доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ - За справувањето со простотијата

Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (н. Аеродром, Скопје) од 15 декември 2015

 Преминпортал (к.т.)