Скопје, 22-ри октомври ј 2015 год.- храм на св. пророк Илија

 На 22.10.2015 година,во дваесетата недела по Педесетница,  кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува  споменот на+Светиот апостол Јаков; Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија; Светите праведни Авраам и Лот; Свети Димитриј, патријарх Александриски; Свети Стефан, деспот српски; , протоереј Зоран Стаменковиќ, во сослужение на ѓаконот Гоце Постолски  отслужи Божествена  Литургија во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 Свети Исаак Сирин

Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар. Молитвата е умртвување на похотните мисли на телесниот живот, бидејќи оној кој сесрдно се моли ист е како оној кој умира за светот. Трпеливо пребивање во молитвата за човекот значи да се откаже од самиот себе. Затоа во самоодрекувањето на душата се стекнува љубовта Божја.

 

 

Светиот апостол Јаков   

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

 

 

 

Преминпортал (к.т.)