Чудотворен појас на Пресвета Богородица

Арботравел ве води на поклонение на светиот и чудотворен појас на Пресвета Богородица, на моштите на Свети Јован Руски и на моштите на Свети Димитриј  Мироточив Солунски. Присуство на молебен во чест на Пресвета Богородица и на Светата Литургија.

Светиот и чудотворен појас на Пресвета Богородица што се чува во светогорскиот манастир Ватопед,  на 24  октомври (сабота) и 25 октомври (недела) ќе пребива во црквата на Успението на Пресвета Богородица во градот Халкида на островот Евија. Се смета дека ова е ретка и благословена прилика за сите оние кои не можат да појдат на Света Гора да се поклонат пред чудотворниот појас.

Пресвета Богородица - Евиа

Уште од 14 век,во манастирот Ватопедна Светата Гора Атонска, се наоѓа Појасот на Пресвета Богородица за кој велат дека го изработила самата Пречиста со свои раце, додека била се уште мала.



“После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде што се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.”

(Од Охридскиот пролог)

Цена на аранжманот: 4200 мкд

 
Програма на патувањето :


1 ден (23 Октомври - Петок)

Состанок со групата во 20:00 часот пред Дрводекор. Заминување кон Грција во 20:30 часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.

2 ден (24 Октомври- Сабота)

Во утринските часови пристигнување во Прокопи на Евиа, и посета на црквата посветена на Свети Јован Руски и поклонение на моштите на светителот.

Во попладневните часови, поаѓање кон хотелот. Сместување во хотелот и ноќевање.

3ден (25 Октомври- Недела)

Станување во раните утрински часови. Поаѓање кон црквата на Успението на Пресвета Богородица, поклонение на светиот и чудотворен појас на Пресвета Богородица, присуство на молебен во чест на Пресвета Богородица и на Светата Божествена Литургија.

Во пладневните часови, после Светата Литургија, заминување кон Солун. Пристигнување во Солун и посета на храмот посветен на заштитникот на градот, светиот великомаченик Димитриј Солунски  и поклонение на неговите мироточиви мошти.

Тргнување кон  Македонија во вечерните часови.

Аранжманот вклучува:

    Превоз со високо туристички автобус
    Придружник за време на патувањето
    Еднo ноќевање во близина на Халкида
    Патничко осигурување
    Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:

    Останати лични трошоци

За реализација на аранжманот потребно е минимумод 40 патника.

За овој аранжман важат општите услови за патување на туристичката агенција АРБОТРАВЕЛ.

Извор: http://www.arbotravel.com/ponudi/2015-06-29-07-17-13/2015-10-18-09-45-04.html