Скопје, 18-ти октомври ј 2015 год.- храм на св. пророк Илија

На 18.10.2015 година,во дваесетата недела по Педесетница,  кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува  споменот на Светата маченичка Харитина; Светиот свештеномаченик Дионисиј епископ Александриски; Преподобен Евдоким Ватопедски; Преподобните Дамјан, Еремија и Матеј, протоереј Зоран Стаменковиќ, во сослужение на ѓаконот Гоце Постолски  отслужи Божествена  Литургија во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Свети Јован Лествичник

Оној којшто својата совест ја смирил преку покорност кон духовниот отец до најголема мера, тој секојдневно ја исчекува смртта како сон, или подобро кажано како живот, и не се плаши, бидејќи сигурно знае дека не од него туку од неговиот духовен отец ќе се бара да положи сметка за него во часот на неговото заминување од овој свет.

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 Скопје, 18-ти октомври лето Господово 2015