01.jpg

14 октомври 2015 лето Господово

Слаткогласната лира од Бога придвижена, божествениот и слаткогласен славеј, сезвучното пеење на Седржителот, кое се огласи песнотворно на Атон, преку најдобрите тајноводства -  Јован богопријатниот, мелодично да го воспееме.

(Тропар на Св. Јован Кукузел)

01.jpg

Оној кој целиот свој живот го посветил на умилното и боговдахновено црковно пеење, кој со посебна љубов и страв Божји Му пеел на Бога, на Неговата Пресвета Мајка и кој толку силно ја привлекол Нејзината милост што Таа му подарила златник и ветила дека никогаш нема да го остави, беше прославен со сеноќно бдение во Рајчичкиот манастир на Св. Георгиј Победоносец. Монашкото сестринство поучено од неговиот пример со подобно умиление ги пееше благодатните стихири, претворајќи ги во длабока молитва упатена кон Светиот, со искрена прозба за неговото усрдно застапништво, истовремено воспевајќи ја и топлата заштита на Богородичниот покров што постојано го закрилува светот. Зашто овој наш втор Јован Дамаскин со своето богоугодно житие ни сведочи колкава радост Му причинува на Бога и на Неговата Мајка, секоја песна и секое славословие вознесени со чисто и верно срце. Секоја негова песна беше молитва, и неговите молитви беа преточени во песна, а оние кои го слушаа ги воздигнуваа своите мисли кон Бога и од нивните срца потекуваше молитва. Можеби затоа божествената благодат што се излеваше од прекрасните стихири во негов спомен, како и од неговите благоухани мошти, направија сеноќното бдение навистина да ги озари душите на присутните и да роди молитва во нивните срца.

По молитвите на овој наш голем учител на смиреномудреното славословење на Бога, нека мајчинската грижа на Пречистата Богородица и нејзиниот свет Покров постојано го закрилуваат верниот народ, заштитувајќи го од злобата на лукавиот омразител на секое добро. Амин.

03.jpg

 04.jpg

05.jpg

06.jpg

07.jpg

08.jpg

09.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

Извор: Бигорски манастир