Малме,18-ти октомври 2015 год- храм на св. Наум Охридски

 

Јас сум добиот Пастир. Добриот Пастир си ја полага душата своја за овците. Како што Мене Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и душата Своја ја полагам за Овците Свои. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приведам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо за еден пастир“. (Јован 10, 16)

 

Од хиротонија на Епископот Полјански г. Пимен (02.10.2005)


     „Се собравме да докажеме дека постоиме како жива Црква и народ. Како жива Црква која раѓа нови епископи, нови пастири, кои како низ историја така и сега, нема да го остават својот народ како наемници, туку како добри пастири ќе бидат спремни душата своја да ја положат за овците свои, подобно на Добриот Пастир од параболата Христова. Да ја положат душата своја и со тоа да го оправдаат вашето достоен, изговорено денес тука, а и на секоја хиротонија“.     

        (02.10.2015 - беседа на митрополитот Европски г. Пимен изговорена на хиротонија)

  


Десет годишнината од хиротонијата на митрополитот Европски г-дин Пимен се одбележа со Архиерејска Литургија на 18.10.2015 година, во соборниот храм на  Европската епахија посветен на Св. „Наум Охридски“ во Малме, Шведска, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Mитрополитот Европски г-дин Пимен во сослужение со Mитрополитот Дебарско – кичевски г- дин Тимотеј, парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Кожарски и свештеници од Европската епархија.


По светата Литургија свои обраќања до присутните гости имаа Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г- дин Тимотеј, кој во својот говор рече:  „Токму таков пастир има Европската епархија, пастир обдарен од Бога со дарот на кроткоста“ со која, како што рече,  православниот македонски народ низ Европа го препознава. Свое обраќање имаше и претсавникот од шведското министерство за релгиски односи кој споредувајќи го народот со огнот од композицијата несогорлива капина, му порача на митрополитот г-дин Пимен да продолжи како и досега да се грижи за огнот, односно верниот македонски народ.


Митрополитот Европски г-дин Пимен е хиротонисан на 02.10.2005 година во храмот посветен на Премудроста Божја – Св. „Софија“ во Охрид, а со одлука на САС на МПЦ-ОА од 22.06.2006 е назначен за митрополит на Македонската православна епархија за Европа.

Од тогаш до денес изминаа десет години пастирска служба, низ европскиот континет. Формирани нови црковни општини, изградени нови храмови, и оформени парохии со постојани свештеници. Европската епархија денеска брои 35 црковни општини со 14 редовни свештеници каде се одржуваат постојан литургиски живот. Изградени од темел и осветени се 4 нови храмови, откупени и преуредени се 3 храмови, како храмови во градба и откупени локации.

НА МНОГАЈА ЛЕТА        

Подготвил: Константин Павлевски