Скопје, Петок,16-ти октобври 2015 год.

Денес, во салата при Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, во периодот  од 14:00 до 18:00 часот, професорите д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа од Универзитетот во Букурешт - Романија, ќе одржат предавање  и практични вежби од фреско сликарство.
Ќе има можност да со набљудува  процесот на сликањето  на фрески. Ова е една од најтешките техники во монументалното  сликарство. Се јавува во Критско-Микенската култура и  интензивно се развива во античкиот период  и Ренесансата.Кај неа се работи за технологија "мокро во мокро" - врз мокар малтер  се нанесуваат пигментити  помешани  со вода.Демонстрацијата ќе ја води  доц. Д-р Думитру Сорика,професор  на  катедра "Црковни уметности",  и на неа со свои изработки ќе учествуваат и учениците од Богословија.

 

 

 

  Преминпортал (к.т.)