-Храм на св. Петка, во скоската населба Црниче

vozdvizenie.jpg

Тропар, глас2.

Апостоле Христов, возљубен од Бога, побрзај да ги избавиш луѓето беспомошни; Оној што те прими на своите гради, ќе те прими и кога за нас ќе Го помоли; Него моли Го, Богослове, да ја растера маглата на паганството, просејќи мир за нас и милост голема.

 

 

 

Oнoј кoј штo ќe oбрати грeшник oд лажлив пат, спасува eдна душа oд смрт и ќe пoкриe мнoгу грeвoви,

така пишува апoстoл Јакoв (5:20). Христoвитe апoстoли нe гoвoрeлe самo така,

туку и сo дeлo гo пoтврдувалe тoа.

 

 

Свети Григориј Палама

Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно, ќе се издигне над растргнатоста од мноштвото грижи и ќе го здогледа внатрешниот човек, првиот напор му е со плач да ја измие одвратната маска што преку светските скитања и заблуди ја стекнал. Откако од себе ќе симне сѐ што безоблично го покривало, со оглед дека душата веќе не ја апсорбираат различните предмети, спокојно влегува во своите внатрешни ризници и во тајност Му се моли на Отецот (Мат. 6, 6). Бог тогаш најпрво му го дарува сокровиштето на сите други дарови: мирот и тишината на помислите.

 

 -Храм на св.вмч. Георгиј, КривиДол, Скопје

 

 
 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)