Скопје. 27-ми септември 2015 г.- храм на св.вмч. Димитриј, на празникот на

Крстовден
Воздвижение на Чесниот Крст

 

vozdvizenie.jpg

 Тропар, глас1.

Спаси ги, Господи, луѓето Твои и благослови го Твоето саледство, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му , и со крстото Твој пазејќи го Твоето наследство.

 

    На 27-ми  септември  2015  година, во седумнаесеттата   недела по Педесетница ,  кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Воздвижение на Чесниот Крст , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух,  свештеникот Томе Атанасовски  отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Старечник

Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.

 

 

 

 

Preminportal (k.t.)