с.Маркова Сушица, 20-ти август 2015 год- манастир на св.вмч. Димитриј

 

 

 

 

На 20. 09. 2015 година,во петнаесеттата недела по Педесетница,  кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува празникот на светиот маченик Созонт; Светите апостоли Евод и Онисифор; Светиот маченик Евпсихиј; Свети Јован, архиепископ Новгородски,во женскиот манастир на св.вмч.Димитриј, јеромонахот Атанасиј Арсоски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

Старечник

Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“.

По Литургијата

Preminportal (k.t)