Скопје, 18-ти септември 2015- Соборен храм Св. Климент Охридски

 

 Во петнаесетата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено молитвено го прослави споменот на Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета; Светите маченици Јувентин и Максимин; Светите Седумдесетмина маченици; Преподобен Атанасиј, свштеникот Димче Бојковски во сослужение на ѓаконот Александар Димитријов отслужи Божествена Литургија воСоборниот храм, во Скопје.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Старечник

Го праша авва Јован Евнух, кога беше помлад, старецот: „Како вие можевте со леснотија да го понесете делото Божјо, а ние ни со напор не можеме да го вршиме?“ А старецот му рече: „Ние можевме, зашто наше главно занимање беше делото Божјо, а на телесните потреби малку внимававме, а вам телесните потреби ви се главно занимање, а делото Божјо не го сметате за неопходно. Затоа се измачувате, и затоа Спасителот им рече на Своите ученици: Маловерни, барајте го најнапред Царството Божјо и сѐ друго ќе ви се придаде.“

 

 

 

 Preminportal (к.т.)