nativity

Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица - заштитничката на градот Скопје.

Вечерната богослужба, на 20 септември, ќе започне во 17:00 часот, а потоа прославата ќе продолжи со Литија по улиците во центарот на Скопје.

Утредента, на 21 септември, Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата Литургија во 9:00 часот.