Sample Image

На 09. 09. 2015 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фануриј (заштитник на учениците) во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа свештенослужители од градот Велес. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква. На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на Мајката Божја и на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.

Извор: Повардарска епархија