Фреска- Видението на Св. Павле да дојде во Македонија
Во Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија како дел од тековното живописување.

По иницијатива на отец Константин и неколку членови на управата, а со благослов на надлежниот митрополит Методиј  се зафативме со оваа на прв поглед едноставна тема, која досега во иконографијата не е често обработувана. По извесно истражување наидовме само на еден мозаик и неколку католички слики кои имаат пред се илустративна намена.
Евангелистот и апостол Лука, кој бил ученик и сопатник на Светиот апостол Павле, во својата новозаветна  книга “Делата на светите апостоли” во глава 16 го опишува Павловото Второ мисионерско патување. Кога ап. Павле пристигнал во Троада која се наоѓа на северозападниот дел од денешна Турција, во ноќта имал ВИДЕНИЕ: ... Стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше “Премини во Македонија и помогни ни!” Апостолот имал јасно ВИДЕНИЕ, а не сон.  Тој јасно ја разбрал Божјата порака да оди и да го проповеда Евангелието во Македонија, односно да премине од Азија во Европа.


Во нашата композицијата, која е поставена на западната страна, десно од главниот влез,  централно место завзема токму овој “Ангел - Македонец” поставен во центарот во  бадемастиот облик наречен “Мандорла” што укажува на тоа дека настанот не се одвива во физичка смисла.
Апостолите, Мандорлата, Македонскиот град, морето и планината се строго сместени во кружна форма за да се истакне нивната единственост и поврзаност. Овој круг ја прави композицијата статична, строга и стабилна со намера да потврди дека ап. Павле имал разумно видение, а не расеана илузија. Тој е преставен како лежи одмарајќи се, со отворени очи, буден, свесен, во постојана непрекидна молитва, како уште една потврда дека овде нема заблуда. Другите апостоли Лука, Тимотеј и Сила се преставени како спијат. Тие иако биле на многу високо духовно ниво, но нивните духовни очи се уште не можеле да го видат она што апСв. Илија во Мисисага неодамна беше завршена фреската “Видението на Св. Павле да дојде во Македонија” . Павле го гледал.
Во горниот десен агол имаме мала мандорла со рака која благословува. Таа ја преставува Божјата присутност во овој настан. Истовремено продолжената линија од раката дијагонално минува низ сите важни елементи од кругот и завршува во долното лево дрво. Од левиот горен агол  низ сртот на планината се спушта уште една дијагоналана, која заедно со предходната внесуваат динамичност во композицијата.
Динамичноста укажува на тоа дека овој настан е вечно жив и актуелен. Тоа го гледаме, доживуваме и потврдуваме тогаш кога молитвено ќе му се обратиме на нашиот Господ: “Дојди кај нас и помогни ни”.
 Донатори на оваа фреска се членовите на Македонското друштво “Мала Преспа”,
Господ илјадоструко да им возврати.


Зограф Глигор Стефанов