На 28. 08. 2015 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од штипското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во Пробиштип, отслужи света архиерејскаЛитургија.


На крајот од светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа, им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во Пробиштип. По светата литургија, со иконата на Успението на Пресв. Богородица се изврши литија од храмот Успение на Пресв. Богородица до Градскиот Плоштад во Пробиштип, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски, бизнисменот г. Чедо Петров, Пратеникот во Собранието на РМ г. Трајче Димков, заменик Министерот на Армијата г. Емил Димитриев и многуброен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб и го освети новоизработениот споменик посветен на „Светиот Гаврил Лесновски“, дар од г. Чедо и Елена Петрови со нивното семејство, а изработен од г. Дејан Јованов од Пробиштип. Споменикот е изработен од бел мермер со висина од 3 метри и тежина од 12 тони а постаментот е дар од буџетот на Општина Пробиштип. По осветувањето Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и им додели Благодрници на Советот на Општина Пробиштип, семејството Петрови и г. Дејан Јованов. Трпеза на љубовта беше организирана во хотелот „Саннико“ сопственост на г. Чедо Петров.

 

Извор: Брегалничка епархија