"Богочовекот Исус Христос не е обичен мудрец, или философ, или харизматичен интелектуалец, или некаков духовен или народен, само човечки (овоземен) водач. Богочовекот Исус Христос е и вистински Бог (Син Божји) и вистински Човек, преку Кого сè е создадено и Кој возглавува сè создадено. Затоа, Неговите зборови не можеме (и да сакаме) да ги слушаме како зборови на обичен човек, кои сега се изречени и потоа можеме да бираме дали нешто ќе ни значат или не.


Не, Неговите зборови за нас го имаат значението на вечен живот или вечна смрт. Ние не можеме само тукутака да ги слушаме тие зборови. Ги чувме ли еднаш, нашиот избор се состои во тоа – дали ќе Му бидеме послушни или нема да Го послушаме, и толку...“ -
Д. Н.