„И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на Судниот ден, оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан и по зборовите свои ќе бидеш суден (Матеј 12,36-37)

Од фабриката на добри помисли

 Сите по било која основа доаѓаме до некаков заклучок, ама никако да признаеме дека клучот е кај Господ. Се додека не побараме да ни го отклучи срцето ќе си останеме заклучени во гревот. п.с. Жал не фаќало, допрва ќе не фаќа жал, само барем да биде по Бога.

 

  • "Секоја преобразба започнува внатрешно во секој човек поединечно, а не од комшиите...лесно е да се мрази тешко е да се сака" - Otec Pimen
  •  „Секој што го среќаваш води битка за која ти не знаеш. Биди љубезен. Секогаш“-о.п.
  • Некако ова селфи почна да ја заматува иконата Божја во ближниот, и во животот многу време за селфи, а малку за другиот и Бога.
  • Кон сѐ и секого однесувајте се со добри помисли. Поинаку не бива. Голема работа е кога човек го чувствува ближниот како свој брат. - св. старец Паисиј Светогорец
  • Наместо како деца ние си останавме неизживеани дечишта, палавковци опасни по себе, другите и околината.

  "Секој христијанин треба да си најде мотив и неопходност за да стане свет. Ако живеете без подвиг и без надеж да станете свети, тогаш вие сте христијани само по име, а не во суштина. Но без светост никој нема да Го види Господ, односно никој нема да достигне вечно блаженство. Веродостојно е кажувањето дека Исус Христос дојде во светот за да ги спаси грешниците (види: 1. Тим. 1, 15). Но се залажуваме ако мислиме дека сме спасени, а остануваме во грев. Христос ги спасува грешниците давајќи им начини да станат светители".
(свети Филарет Московски)