На 26.07.2015 година, во осмата Недела по Педесетница, кога црквата ги празнува св. Отци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света архиерејска Златоустова литургија, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.