"Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена. Според Православната Црква, спасението на човекот е неговото обожение. Треба да научиме да го живееме вечниот живот на Самиот Бог. Што значи обожение на човекот? Да живееме како што живееше Господ, да ги здобиеме мислите и чувствата Христови, пред сè, од последните моменти на Неговиот овоземен живот." - старец Софрониј

 

 
“... секое утро, пред секое дело, Божјата Црква нѐ привлекува кон себе со звукот на светите комбани, бидејќи секојдневното собеседење со Бога преку молитвата и псалмопеењата ги смирува и менува сите напади (од страстите), ги смирува телесните нагони, ја ослабува наклонетоста кон користољубието, ја отстранува вообразеноста, ја оддалечува зависта, го зауздува гневот, го искоренува злопамтењето, ја отстранува секоја кавга меѓу луѓето, секогаш донесувајќи мир, законитост и благосостојба во градовите и домовите, душите и телата, кај оние што се во брак и оние што го избрале монаштвото, и воопшто, тоа е основа и крепење на сите добра кои оддалечуваат и спасуваат од секое зло и секоја тешкотија.“ - Свети Григориј Палама

 


„ Без разлика колку и да страдаме, ќе дојде време кога сето ова ќе заврши и секој од нас ќе отпочине во согласност со трудот кој го вложол. Дали страдаш? Дали тагуваш? Дали плачеш поради неволјите? Дали си уморен? Охрабри се, затоа што така се здобива Царството Небесно...“ - Старец Ефрем

„ Кога ќе се поправам себеси, ќе се поправи и една честичка од Црквата, така што ќе можеме да бидеме во едномислие. Светиот Дух Е Еден. А, денес луѓето создаваат многу духови. Не можам да го разберам тоа.“ - Старец Пајсиј

Избор од фејсбук страната на Моника Николова

 

Свети Антониј Велики го прашал Бога:
- „Господи! Зошто некои умираат млади, а некои доживуваат длабока старост? Зошто едни се сиромашни, а други богати? Зошто нечесните се богати, а благочестивите сиромашни?“ Тогаш слушнал глас: -„Антониј! Внимавај на себеси, тоа се Божји судови, и немаш никаква корист што ги испитуваш.“

Избор од фејсбук страната на Ненад Кметов

„Да бидеме исполнети со Светиот Дух.
Тука лежи суштината на духовниот живот.
Тоа е уметност. Уметност над уметностите.

Да ги отвориме рацете и да се фрлиме во Христовата прегратка.
Кога ќе дојде Христос, сме добиле се`...“

„ Не станувате свети со гонење на злото.
Пуштете го злото. Гледајте кон Христос и Он ќе ве спаси.

Наместо да стоите пред врата и да го гоните непријателот, вие игнорирајте го.
Значи, ако дојде злото да ве нападне, вие вашата внатрешна сила дајте му ја на доброто, односно на Христа.

Помолете се: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“.

Он знае како и на кој начин да ве помилува.
А кога ќе се исполните со доброто, тогаш веќе не се вртете кон злото.
Самите, со помош на Божјата благодат, станувате добри.

Тогаш, каде ќе држи место злото?
Исчезнува!

Со Христа се` е можно.

Каде се трудот и напорот за да бидеш добар?
Работите се едноставни.

Ќе го повикувате Бога и Он ќе ги претвори нештата во добро.
Ако му го дадете срцето Нему, тогаш нема да остане простор за друго.

Кога ќе се облечете во Христос, тогаш нема да вложувате никаков напор за стекнување на добродетелта.
Он ќе ви ја даде.
Ве фаќа страв и очајание?
Насочете се кон Христос.
Возљубете го едноставно, смирено, без побарувања и Самиот Он ќе ве ослободи.

Насочете се кон Христос и со смирение и надеж кажете како апостолот Павле: „кој ќе ме избави од телото на оваа смрт“.

Значи, ќе се придвижите кон Христос и Он веднаш ќе дојде.
Веднаш ќе продејствува Неговата благодат.“

(Извадок од книгата „Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит“, Скопска православна епархија 2015, поглавје „За Божјата љубов“, стр. 228
Превод од грчки : јеромонах Атанасиј Арсоски)

 +++

„Ги забораваме Божјите добрини и Него Самиот,
ја забораваме сопствената состојба,
ја забораваме опасноста од живеење без Бога, ја забораваме и смртта; целата духовна област во нашиот живот се затвора, исчезнува.

А кога сè ќе заборавиме, тогаш срцето се изладува и чувството за духовност пресушува.
Покрај тоа, прво се запоставуваат духовните активности, а потоа сосема се отфрлаат.
Запаѓаме во нечувствителност, невнимание и површност; Го забораваме Бога, смртта и Страшниот суд и му служиме само на своето сладострастие. Тоа е празен живот...“
Свети Теофан Затворник

 

Извор од фејсбук страната на Мина Даниловска