Скопје, 17- јули 2015 год.- храм на св. пророк Илија

Во  шестата   недела по Педесетница по Богојавление), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на Свети Андреј, архиепископ Критски     преп. Андреј Рубљов, во храмот на св.пророк Илија, во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски  отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верните се причестија  со Светите Христови Тајни.По Литургијата се направи мал петочен водосвет.

 

[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=crWBLvNSTh0[/youtube]


Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сe заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.- Свети Силуан Атонски

[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=tM1D8SsD9X4[/youtube]

Преминпортал (к.т.)